НОВ ЗАКОН ВО САУДИСКА АРАБИЈА: Сите атеисти се терористи!
Саудиска Арабија донела закон со кој сите атеисти ги прогласила за терористи, објави „Хјуман рајст Воч“, пренесува британски Индепендент.
Саудискиот крал Абдулах донел низа закони и кралски декретии на кој номиналната цел е борба против тероризмот, а всушност прогон на политички десиденти. Насочени се првенствено против растечкиот број на Саудијците кои се враќаат од Сирија со идеи за рушење на монархијата.
За учествување во судирите надвор од Саудиска Арабија така е пропишана затворска казна од три до 20 години затвор.
Но, на мета на саудискиот крал се најдоа и неверниците. Новиот закон го дифинира тероризмот како „повикување на било кој облик на атеистички мисли или доведување во прашање темелите на исламската ралигија на која е и државата се темели“.
-Саудиските власти никогаш го толеирале критикувањето на својата политика, но овие нови закони го претвараат боило кој израз на критичка експресија во терористички чин-порачал Џо Сторк, заменик директорот на „Хјуман Рајтс Воч“ за Блискиот исток и Северна Африка.
