НОВ ЗАКОН ВО ГЕРМАНИЈА: Ковид-19 ќе се сузбива на сметка на државата
Масовни тестирањата за Ковид-19, заострување
на известувањата за сомнителни случаи и заболувања, лабораториски анализи, тестови
и за домашните миленици, но и заштита на приватни здравствени осигуреници кои
евентуално би се соочиле со финансиски проблеми поради актуелната криза, се
новите планирани законски мерки на германската влада за сузбивање на
пандемијата на коронавирусот.
Во иднина, овие законски мерки ќе налагаат лабораториите и лекарите на здравствените установи да им ги пријавуваат и лицата со негативни тестови и оние што успешно се излекувале, а не како до сега, кога се пријавуваат само спмнителните, пациентите кои се позитивни на вирусот и смртните случаи.

Германската влада, воведува и новина во здравственото осигурување на осигурениците кое ќе ги покрива и трошоците за тестовите, без разлика дали има симптоми на инфекција или не.
Ќе бидат покриени и трошоците за лекување на пациенти со со Ковид-19 се хоспитализирани во болниците ширум Германија, а доаѓаат од останатите земји членки на Европската Унија.
