Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нов закон: Полесен пристап до германско државјанство

Нов закон: Полесен пристап до германско државјанство

Германската влада постигна договор за нов закон за државјанство што го олеснува процесот на натурализација.

Имено, лицата кои извршиле криминални дела мотивирани од антисемитизам, расизам или слични злосторства од омраза нема да можат да добијат пасош.

Новиот предлог закон за државност Министерството за внатрешни работи го подготви во договор со Министерството за правда, пишува „Б92“.

Дополнителен предуслов за натурализација ќе биде лицето генерално да може да заработува за себе и за животните потреби на своето семејство, без да плаќа социјална помош. Исклучоци ќе има и тие ќе се утврдат подоцна.

„Кој ќе стане германски државјанин, се обврзува на животот во нашето слободно и разновидно општество“, рече министерката за внатрешни работи Ненси Фесер. Затоа натурализацијата, додаде таа, е невозможна со расизам, антисемитизам или која било друга форма на изразување омраза кон другите.

„Нема никаква толеранција. Секој што не ги дели нашите вредности не може да стане Германец... Сакаме луѓето кои станаа дел од нашето општество да можат да учествуваат во неговото демократско обликување“, рече Фезерова.

Основата на новиот закон е скратување на минималниот период на престој за прием во германско државјанство од осум на пет години. Во случаи на особено успешна интеграција во германското општество, само три години би требало да бидат доволни.

Слично

Поврзани вести