НОВ ВИЗЕН РЕЖИМ: Саудиска Арабија ги отвора границите за туристи од 49 земји
Саудиска Арабија објави дека наскоро ќе ги отвори границите за прв пат за странските туристи од 49 земји во рамките на новиот визен режим, соопштија официјални лица.
Како што се наведува целта е кралството да воведе други извори на приход, бидејќи нивната економија главно се заснова на извозот на нафта. Ријад сака да го зголеми бројот на туристи на 100 милиони годишно до 2030 година.
„Ова е историски момент за нашата земја“, кажал министерот за туризам Ахмад Ал-Катиб.
Според саудиските медиуми, туристичките визи ќе започнат да се издаваат од сабота, а строгиот кодекс на облекување за жените што пристигнуваат во земјата е ублажен.
Саудиска Арабија е една од нај затворените држави, а визите се издаваат само за краткорочни деловни патувања, верски аџилак или за оние со членови на семејството во земјата.
