Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нов вирус се појави во Кина и доведе до паника во Тајван

Нов вирус се појави во Кина и доведе до паника во Тајван

Во Кина е забележана појава на нов вирус. 

Најмалку 35 луѓе во Кина се заразиле со нов хенипавирус кој очигледно се шири од животните на луѓето. Toj предизвика паника во соседен Тајван поради потенцијално опасен патоген. 

Сите засегнати пациенти имале висока температура, а најмалку половина од нив имале и замор, кашлање, губење на апетит и намалување на белите крвни зрнца. Повеќе од една третина од пациентите претрпеле откажување на црниот дроб, а 8 отсто имале бубрежна инсуфициенција.

„Тајванските лаборатории ќе треба да воспостават стандардизирани процедури за тестирање за да го идентификуваат хенипавирусот Лангја (LayV)“, изјави Чуанг Џен-хсианг, заменик директор на тајванските Центри за контрола на болести (ЦДЦ). 

Се очекува секвенционирањето на геномот на вирусот да биде завршено во рок од околу една недела. Koронавирусот се појави во 2019 година во Вухан во Кина. 

foto freepik.com/tawatchai07

Слично

Поврзани вести