Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВ ВИД МАЛАРИЧЕН КОМАРЕЦ ВО АФРИКА: Го има и во градовите, последиците би можеле да бидат разорни

НОВ ВИД МАЛАРИЧЕН КОМАРЕЦ ВО АФРИКА: Го има и во градовите, последиците би можеле да бидат разорни

Во африканските градови се појави нов вид на комарец кој пренесува маларија, што може да има катастрофални последици за локалното население, покажуваат резултатите од новата студија.

Истражувачите од холандскиот медицински центар на Универзитетот Радбуд и етиопскиот институт за истражување Армауер Хансен наведуваат дека ларвите на „Anopheles stephensi“, главниот вектор на маларија комарци во Индија, сега се „присутни во голем број“ на локации низ Африка.

Векторите се живи организми кои можат да пренесат заразни патогени микроорганизми меѓу луѓето или од животни на луѓе.

„Овој вид комарец се појави во Африка пред само неколку години, а сега е присутен во големи количини во резервоарите за вода во градовите во Етиопија и е многу подложен на локалните соеви на маларија, според истражувачите“, пренесува CNN.

Познато е дека повеќето африкански комарци кои можат да пренесат маларија се размножуваат во руралните области, но експертите се загрижени дека комарецот најде основа во урбаните области, вклучувајќи ги градовите во Етиопија, Судан и Џибути, што според нив може да го зголеми ризикот од маларија за урбано население.

Иако маларијата, која се пренесува со каснување од женски комарци, е болест што може да се спречи и излечи, во 2019 година 409.000 луѓе починаа од неа.

Според податоците на Светската здравствена организација, во африканскиот регион во 2019 година, евидентирани се 94 отсто од сите случаи на маларија и смртни случаи во светот.

Извор. Курир.рс и Танјуг

Слично

Поврзани вести