НОВ УЖАС НА ИСИС: Врзаа луѓе за антички столбови и ги разнесоа со експлозив
Џихадистите погубија тројца луѓе во сирискиот древен град Палмира, така што ги врзаа за античките столбови и ги разнесоа со експлозив.
Терористичката организација ИСИС е позната по своите бизарни и немилосрдни убиства, со кои го привлекува вниманието на јавноста. Последното грозоморно убиство на ИСИС, беше објавено вчера, кога џихадистите со тенк прегазија 19-годишно момче.
Уништувањето на древни локалитети пак, е исто така манир на џихадистите. Тие уништуваат древни статуи и богатства во ирачкиот град Мосули и древниот сириски град Палмира.
ИСИС има контрола над древниот град Палмира од месец мај, а од тогаш минира и уништува споменици и историски богатства постари од 2 000 година.
Слично

