Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВ УДАР: Екстремистите зазедоа уште еден град во Ирак

НОВ УДАР: Екстремистите зазедоа уште еден град во Ирак
Сунитските екстремисти го зазедоа градот Тал Афар во северен Ирак, што претставува последен удар од нив кон шиитската влада во Багдад. Градот со околу 200 илјади жители, во кој претежно живеат шиити и сунитски етнички Туркмени, се наоѓа на околу 420 километри северозападно од Багдад. „Локалните безбедносни сили беа принудени да го напуштат градот, додека дел од населението побегна во соседните области, кои се под контрола на курдските сили“ изјави градоначалникот Абдула Абдул. Тал Афар е заземен една недела по почетокот на офанзивата на есктремната организација Исламска држава на Ирак и Левант, која зазеде неколку ирачки провинции и му се приближува на Багдад. Во текот на викендот, екстремистите на интернет поставија фотографии на кои се гледа како ги убиваат припадниците на ирачките безбедносни служби. Портпаролот на ирачката војска Касим ел Мусави ја потврди автентичноста на фотографиите и наведе дека екстремистите викендов стрелале речиси 170 ирачки војници кои ги држеле во заложништво. Ислкамската држава на Ирак и Левант се заканува дека ќе го нападне и Багдад и појужните шиитски градови.
Слично

Поврзани вести