Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нов тренд: Девојчиња бомбаши самоубици

Нов тренд: Девојчиња бомбаши самоубици

Девојче за кое се верува дека не се постаро од осум години, умрело бидејќи било присилено да изведе самоубиствен бомбашки напад во Нигерија, соопштуваат Ројтерс.

Во експлозијата умреле уште пет луѓе, а десетина се повредени. Се верува дека за нападот е одговорна терористичката организација Боко Харам, пренесува Русија тудеј.

Нападот се случил на пазар во градот Потискум на североистокот од земјата.

Бомбата е детонирана од девојче додека со експлозивот стоела во близина на контролата за влез на пазарот.

Иако до сега никој не ја превзема одговорноста за овој напад, се верува дека е поврзан со џихадистичката група Боко Харам, која од неодамна користи деца за самоубиствени нападаи во Нигерија.

Во јануари на пазарот во градот Маидугури десетгодишно девојче со далечинско е дигнато во ваздух и во таа прилика настрадале најмалку 20 луѓе.

Слично

Поврзани вести