НОВ СВЕТСКИ РЕКОРД: Жена во Јужна Африка роди десет деца
Жена во Јужна Африка роди десет бебиња и постави нов светски рекорд.
Жосиаме Ситол(37) стана мајка на седум момчиња и три девојчиња кои се родени во болница во главниот град Преторија. Таа се породила со царски рез. Жосиаме изјави дека е „шокирана и фасцинирана“ од фактот дека носи толку многу бебиња. Ова е вистинска реткост, затоа што не е резултат на третман со неплодност. Бебињата следните неколку месеци ќе бидат во инкубатори. Тие се со мала тежина и лекарите ќе се борат за нивните животи.
Претходно Халима Сисе(25) од Мароко во мај роди девет деца. Натали Салман во Америка претходно роди осум деца.
Слично
