Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВ СТРАШЕН НАПАД: Гранатирана детска болница во Газа (ВИДЕО)

НОВ СТРАШЕН НАПАД: Гранатирана детска болница во Газа (ВИДЕО)

Израелската армија денеска со артилериски гранати ја гаѓаше детската болница „Ал Наср“ во Газа, при што беше нанесена сериозна материјална штета на објектот.

Во израелскиот напад не се регистрирани човечки жртви, јавува агенцијата ВАФА.

Претходно оваа недела, Министерството за здравство соопшти дека 18 од 35 болници низ Газа престанале да работат, додека 71 отсто од установите за примарната здравствена заштита се затворени поради недостиг на гориво или израелско бомбардирање.

Министерството соопшти дека лекарите сè уште се принудени да вршат операции без анестезија, вклучително и на ранети и жени кои се пораѓаат со царски рез.



Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести