Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нов спор меѓу Рим и Париз - за која тема не се сложуваат?

Нов спор меѓу Рим и Париз - за која тема не се сложуваат?

Нов вербален спор се појави меѓу Рим и Париз поради мигрантите.

Претставничка на француската Влада денеска ја обвини Италија дека се однесува „хистерично“ во однос на миграцијата. На ова италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини возврати дека Франција би требало да ги отвори своите пристаништа за мигрантите. Од Франција порачаа дека Италија не е на ниво на задачата и дека не е дорасната. 

Париз и Рим, лани повеќе пати се судрија во однос на миграцијата, затоа што италијанската Влада настојува да спречи хуманитарни спасувачки бродови со мигранти да впловат во италијанските пристаништа. 

Инаку, словенечката и италијанската полиција денеска ќе патролираат долж границата со цел да спречат илегална миграција.

Таа мерка е дел од договорот потпишан од две земји, кој се очекува да се спроведе до 30 септември.

Слично

Поврзани вести