НОВ СОЈ ВО БРАЗИЛ: Брзо се шири и веќе е пронајден во 9 општини во Сао Паоло
Истражувачите од Универзитетот во Сао Паоло откриле нова
варијанта на корона вирусот и велат дека многу побрзо се шири во Бразил, од претходниот
сој, т.н.бразилски. Ова го објави
потпретседателот на бразилското здружение за вирусологија Жоао Песоа Араухо.
-Варијантата P4 е од непознато потекло. Прво беше пронајдена во примерок од Мокока, општина во Сао Паоло, по што се покажа дека е распространета и во Порто Фереира. Сè уште не е можно да се утврди дали е позаразна или поопасна одпретходните соеви, рече вирусологот.
Забележано е дека новата варијанта P4 има заедничко потекло со претходните „бразилски“ соеви P1 и P2 - сите тие припаѓаат на B.1.1.28.
Според Араухо, важно е да се објави постоењето на оваа нова варијанта во Бразил сега, бидејќи таа брзо се шири во регионот и веќе е пронајдена во девет општини во Сао Паоло.
Податоците од истражувањето на Универзитетот во Сао Паоло беа доставени до GISAID, меѓународна иницијатива за слободен пристап до информации за геномите на грип и корона вирус. Таму, новиот сој го доби името П4.
Извор/ БГНЕС, РИА Новости
