Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нов сој на коронавирусот е откриен во Јапонија

Нов сој на коронавирусот е откриен во Јапонија

Откриена e нова мутација на коронавирусот во Јапонија. 

Властите во Кобе, во западниот дел на државата, соопштија дека е откриена нова мутација кај 50-годишен пациент. Мажот не ја напуштил Јапонија, затоа властите се сомневаат дека мутацијата се случила во неговото тело. Генетската анализа наведува дека потеклото на новата мутација е од британскиот сој. Претходно, на територијата на Кобе, каде се наоѓа едно од најголемите меѓународни пристаништа во Јапонија, се откриени околу 150 случаи на инфекција со странски мутации на коронавирусот.

Вкупниот број на случаи на Ковид-19 во Јапонија надминува 750.000, а повеќе од 13.000 луѓе се починати. 

Новите соеви на коронавирусот ќе бидат именувани по буквите од грчката азбука. 

Именувањето ќе придонесе за борба против стигмата. Светската здравствена организација (СЗО)  објави воведување на нов систем за именување за различни варијанти на коронавирусот.

foto freepik

Слично

Поврзани вести