Нов случај на труење во Британија: Дали Русија повторно ќе биде обвинета за тероризам?
Две лица се во критична состојба по изложување на непозната супстанца во британскиот град Ејмсбери.
Полицијата го затворила подрачјето каде мажот и жената кои се на возраст од околу 40 години биле пред да бидат отруени, бидејќи се верува дека станува збор за супстанца која лесно може да се рашири.
Припадниците на антитерористичката единица го истражуваат случајот, а тоа што се наметнува како следно прашање по претходно искуство е дали Русите повторно ќе бидат осомничени за труење.
Таблоидот „Сан“ објави дека британскиот пар ги има истите симптоми како случајот со рускиот агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија. Поради овој случај дојде до нарушување на дипломатските односи на Русија со голем број западни земји, кои ги избркаа руските дипломати од своите земји.
