НОВ СКАНДАЛ: Фолксваген лажел и за потрошувачката на гориво
Фолксваген призна дека претходно објавената потрошувачка на околу 800 000 автомобили во Европа не одговара на реалната.
Компанијата соопшти дека по внатрешната истрага е утврдено дека емисиите на јаглерод диоксид и потрошувачката на гориво се неточни, пренесува BBC.
Новото откритие значи дека најавените трошоци од производителот за гориво на илјадници автомобили не се она што нивните сопственици го предвидуваа.
Претходните скандали со штетните гасови во дизел автомобили, а од неодамна и во бензинските возила немаа влијание врз клиентите, но сега тоа им се меша директно во паричникот.
Засегнати се автомобили се од марките VW, Skoda и Seat, со дизел мотори по 2012 година со обем на 1.4, 1.6 и 2-литри.
Потрошувачката на 1.4-литарскиот бензински агрегат на Polo исто не одговара на наведеното од производителот. Mинистерот за транспорт во Германија Александар Добринт изјави пред парламентот на земјата: "Денес ни беше соопштено дека меѓу погодените возила се 98,000 бензински возило во земјата".
Во меѓувреме, Министерството за транспорт на Велика Британија изјави дека "неприфатливите дејствија на Фолксваген се исклучително сериозни."
Компанијата смета дека проблемот со CO2 може да чини околу 2 милијарди евра (£ 1,4 милијарди). VW веќе дале 6,7 милијарди ерва, за да ги сносат трошоците околу скандалот со штетните гасови.
Возилата се почесто се купуваа по базирање на штедењето на гориво, и ако Фолксваген лажел за овие бројки, тогаш вистинските трошоци на клиентите ќе бидат повисоки отколку што тие очекуваат.
Пазарната цена на концернот падна со уште 3 милијарди евра по овие препораки. Се уште нема јасност, како компанијата ќе компензира со клиентите и какви ќе се нивните активности, но казните ќе продолжат.
Во Велика Британија, Германија, Шведска и Франција има надомест на емисиите на CO2, која се запишаа при повисока потрошувачка на гориво. Тоа значи дека измамата веројатно ќе се одрази и на даноците на погодените автомобили во овие земји, пишува Cars.
Последиците од сето тоа веќе се чувствуваат на многу пазари. Германија ќе ги тестира повторно сите автомобили од Фолксваген Групата (VW, Audi, Seat, Skoda), без разлика дали се бензин или дизел.
Moody`s го намали кредитниот рејтинг на Фолксваген на A3 / P-2 со негативна перспектива, поради најновите откритија. Акциите на компанијата имаат изгубено околу 1/3 од вредноста од септември, кога избувна првиот скандал.
