Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нов силен земјотрес во светот

Нов силен земјотрес во светот

Земјотрес од 6,8 степени според Рихтеровата скала денеска погоди област во Јужниот Пацифик во близина на Нова Каледонија, соопшти американскиот Геолошки завод.

Епицентарот на потресот бил на длабочина од 14 километри.

Нема податоци за евентуална штета или повредени луѓе. Не е издадено ниту предупредување за цунами. 

Деновиве во светот имаше повеќе силни земјотреси. 

Земјотрес со jaчина од 5,6 степени вчера ја погоди индонезиската провинција Западна Јава. 

Силен земјотрес од 5.7 степени на 16 мај ги погоди Никарагва и Салвадор. 

Слично

Поврзани вести