Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нов рекорд во Тојота, лани се продале над милион хибридни автомобили

Нов рекорд во Тојота, лани се продале над милион хибридни автомобили
Јапонски производител на автомобили Тојота денеска објави дека во текот на 2012-та за прв пат биле продадени над еден милион хибридни автомобили во една година. Јапонската компанија објави дека продала точно 1.219.000 хибридни возила, делумно благодарение на успехот на „Prius“ и успех во Јапонија на новото возило „Aque“ . Оттаму велат дека хибридните возила претставуваат 14 проценти од вкупната продажба на Тојота автомобили во светот за 2012 година, однос кој достигна 40 проценти на јапонскиот пазар каде што за овие автомобили се доделуваат јавни субвенции за купување. Хибридни модели имаат конвенционален бензински мотор, но исто така и електричен мотор што се храни на батеријата додека возилото се движи, сопира или се спушта по удолница. Сето ова овозможува да се намали потрошувачката на бензин. За 2013-та, од компанијата планираат да продадат 1.250.000 хибридни возила.
Слично

Поврзани вести