Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нов рекорд на S&P на Волстрит, трет ден по ред

Нов рекорд на S&P на Волстрит, трет ден по ред
Благодарение на солидниот квартален извештај на деловните резултати на повеќето компании и банки, индексот S&P 500 достигна ново рекордно ниво на Волстрит, трет ден по ред. Индексот Dow Jones зајакна за 0,01 отсто, на 15.545 поени, индексот S&P 500 порасна за 0,20 отсто, на 1.695 поени, индексот Nasdaq 0,36 отсто, на 3.600 индексни поени. Меѓу другите, акцијата на швајцарскиот банкарски гигант UBS поскапе за повеќе од 3 отсто, откако банката извести за поголема добивка во вториот квартал отколку што се очекуваше и покрај договорот со американските власти. Зајакна и технолошкиот сектор, откако минатата седмица остро падна поради послабите од очекуваните деловни резултати на Microsoft и Google. Откако во петокот падна за повеќе од 11 проценти, цената на акцијата на Microsoft во понеделникот порасна за околу 2 отсто. Благодарејќи на растот на цените на суровините, рударскиот сектор се најде меѓу пет од десетте сектори на индексот S&P 500 кој во понеделникот забележаа раст. Меѓутоа, значително, за 2,7 отсто, падна цената на акцијата на McDonald's, бидејќи најголемиот светски синџир ресторани за „брза храна", во вториот квартал од годинава остварил послаби деловни резултати, отколку што се очекуваше поради падот на продажбата во Европа. И покрај растот на цените на акциите, инвеститорите се претпазливи, на што укажува потпросечниот обем на тргувањето, па така на Волстрит, Насдак и NYSE MKT во понеделникот сопствениците ги сменија 5,2 милијарди акции, додека просечниот дневен обем за годинава изнесуваше 6,4 милијарди акции. Иако кварталните деловни резултати на компаниите не одушевуваат, аналитичарите очекуваат дека пазарот и натаму ќе расне, бидејќи нема негативни економски вести.
Слично

Поврзани вести