Нов рекорд – еврозоната со јавен долг од 92%!
Како што денеска соопшти Евростат, јавниот долг на земјите од еврозоната во првото тромесечје од годинава, достигна до нов рекорд. Новото на долгот се качи на на 92,2% од БДП, од 90,6 од претходниот квартал. Како што коментираат аналитичарите, не помогнаа ниту мерките за штедење спроведени за воведување ред во јавните финансии кај земјите од еврозоната.
Иако повеќе држави во меѓувреме спроведоа мерки на штедење и направија големи кастрења на своите буџетски трошења, ги покачија даноците и го предизвикаа народното незадоволство, сепак ефектите изостануваат.
Голем дел од нив се во рецесија, додека истовремено најголемо ниво на долг останува во Грција од 160,5% . По неа следи Италија со јавен долг од 130,3% од БДП на државата.
Слично
