Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВ ПРОИЗВОД НА ГУГЛ: Супер – лажица ќе им помогне на многумина

НОВ ПРОИЗВОД НА ГУГЛ: Супер – лажица ќе им помогне на многумина
Новиот производ на Гугл се чини премногу едноставен за компанија која развива автомобил што вози сам, но сепак би можел да го промени животот на многумина на дноставен начин. Станува збор за лажица која се спротивставува на тресењето на рацете кај лицата кои се борат со одредени заболувања, како што е Паркинсоновата болест. За развојот на оваа идеја е заслужна компанијата Лифт Лабс која Гугл ја купи годинава за необјавена сума пари. Лажицата користи стотици алгоритми за да реагира на раката која трепери, а потоа се прилагодува на треперењето за лицето кое ја користи да може да продолжи да се храни. „Имам пациенти кои не можеа да се хранат самостојно, мораше некој друг да ги храни, а сега можат да јадат самите“, вели за овој производ лекарката Џил Острем.    
Слично

Поврзани вести