Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нов проблем со воизлата на Џенерал моторс

Нов проблем со воизлата на Џенерал моторс

Американската компанија Џенерал моторс повлекува 207.766 возила на сервис поради проблеми со сопирачките, соопшти денеска надлежната кинеска институција.

Програмата за сервисирање ќе почне од 15 јуни. На поправка се повлекуваат автомобилите „бјуик лакрос“, произведени во периодот од 11 јануари 2006 до 1 септември 2009 година.

Компанијата ќе изврши бесплатна замена на неисправните делови на сопирачките и ќе ги елиминира постоечките неправилности на свој трошок.

Автомобилите, кои се повлекуваат се произведени во одделение на компанијата во Шангај, основана во 1997 година. Џенерал моторс моментално има три фабрики во Кина и ја завршува изградбата на четвртата.

Слично

Поврзани вести