Нов план за стабилизација на Кипар
Се готви нов план за стабилизирање на финансиската ситуација во земјата кој предвидува користење на активите од фондовите за социјално осигурување, јавија локалните медиуми кои посочуваат дека планот го прават кипарската Влада и Централната банка.
Според првите најави, новиот план треба да и помогне на земјата да ја собере сумата од пет милијарди евра, додека една милијарда евра властите ќе собираат преку размена на дел од банкарските депозити со обврзници, кои ќе се плаќаат со приходите од експлоатацијата на подводните наоѓалишта на гас.
Се очекува во текот на денот овој план да и бид претставен пред меѓународната кредоторска тројка.
Инаку за вечерва е закажана вонредна седница на кипарскиот Парламент на која ќе биде разгледан новиот предлог на тројката, јавуваат кипарските медиуми. На седницата ќе бидат разгледани два нацрт-закони. Едниот предвидува воведување на еднократна мерка за ограничување на „излевањето“ на капитал, откако банкарскиот систем на Кипар ќе се врати во нормала. Вториот предлог е поврзан со преструктуирање на банкарскиот систем на Кипар со делба на лошите активи во посебна структура наречена „лоша банка“, која ќе подлежи на ликвидација.
Слично
