Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВ ПАКЕТ: Какво оружје испраќа САД во Украина?

НОВ ПАКЕТ: Какво оружје испраќа САД во Украина?

САД ќе ѝ испратат на Украина касетни бомби со среден дострел, артилерија и оклопни возила.

Соединетите Американски Држави(САД) ќе ѝ испратат на Украина неодреден број касетни бомби со среден дострел како и ракети, артилерија и оклопни возила во рамки на пакетот воена помош во вкупен износ од околу 375 милиони долари, соопштија американски функционери.

Новиот пакет помош вклучува бомби воздух-земја со касетна муниција кои можат да бидат испукани од украинските борбени авиони, како и муниција за ХИМАРС, „џавелин“ и други противоклопни системи, возила отпорни на мини и друга воена опрема.

Обезбеден преку претседателски указ, новиот пакет оружје е еден од најголемите одобрени и доаѓа од залихите на Пентагон за оружје побрзо да ѝ се испорача на Украина.

Вклучувајќи го најновиот пакет САД обезбедиле повеќе од 56,2 милијарди долари воена помош на Украина од почетокот на конфликтот во февруари 2022 година.

foto EPA

Слично

Поврзани вести