Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нов напад во Лондон - Комбе газеше пешаци пред Исламски центар

Нов напад во Лондон - Комбе газеше пешаци пред Исламски центар

Напаѓач со комбе газел пешаци, претежно припадници на исламската вероисповест во Финсбури Парк како што тие излегувале од Исламскиот центар во кој има џамија и куќа за лица со социјален ризик. Според првичните извештаји полицијата успеала брзо да го сопре напаѓачот и да го уапси. 

Од газењето со комбето засега се известува за најмалку една жртва, додека пак десетмина се повредени од кои дел се во критична состојба, па затоа бројот на жртви може да се зголемува. 

Сведоци велат дека терористот бил бел маж на пеесетина години и дека намерно газел муслимани кои во тој момент го прекинувале рамазанскиот пост и пиеле кафе пред центарот. 

Заедницата упати критики до полицијата која не го открива идентитетот на напаѓачот и тоа што нападот го нарекува сериозен инцидент наместо да формализира дека станува збор за тероризам.


Слично

Поврзани вести