Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВ НАПАД ВО ГЕРМАНИЈА: Маж со нож упаднал во полициска станица

НОВ НАПАД ВО ГЕРМАНИЈА: Маж со нож упаднал во полициска станица

Исламист на возраст од 29 години со албанско потекло со мачета и нож упаднал во полициска станица во Германија.

Маж упаднал во полициска станица во Линц во Рајнската област во раните утрински часови и им се заканил дека ќе ги убие присутните полицајци, мавтајќи со нож и мачета. Специјалните сили го совладале, а како што соопшти  јавното обвинителство на Кобленц, мотивите на напаѓачот биле исламистички.

При претресот во неговото место на живеење е пронајдено знаме на „Исламска држава“.

За кратко време имаше неколку напади со нож во Германија. 

Пред два дена, маж со нож избоде две лица во Бон. 

Жена со нож тешко рани најмалку шестмина во Германија на 31 август.  Нападот се случи во автобус во градот Зиген. 

Една седмица претходно се случи напад со нож во градот Солинген, исто така во западна Германија, кога напаѓач уби три, а повреди осум лица. Нападот го изврши 26-годишен Сириец, кој е во притвор.

 foto EPA

Слично

Поврзани вести