Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВ НАПАД: Викал на арапски и избол Германци на плажа

НОВ НАПАД: Викал на арапски и избол Германци на плажа

Маж со нож денеска викал на арапски и нападнал двајца германски туристи во бар на плажа во Мајорка во Шпанија. 

Триесет и едногодишниот напаѓач повредил двајца германски туристи на 27 и 46 годишна возраст на плажата Плаја де Палма.

Мажот за кој се претпоставува дека е мигрант од Либија се обидел да ги нападне и полицајците,  кога сакале да му го одземат ножот. Откако ги повредил туристите, тој е уапсен. 

Шпанската полиција не верува дека ова е терористички напад.  Германските туристи се пуштени од болница откако им е укажана лекарска помош. 

Полицијата го истражува случајот. 

Слично

Поврзани вести