НОВ НАПАД НА „ИСЛАМСКА ДРЖАВА“: Кој им беше на мета?
Oрганизацијата „Исламската држава“ денеска ги нападнаа канцелариите на меѓународната хуманитарна организација „Спасете ги децата“ во Џалалабад во источен Авганистан, при што се убиени двајца, а 12 луѓе се ранети.
Бомбаш самоубиец го детонирал автомобилот-бомба пред провинциската канцеларија на организацијата во Џалалабад. Група вооружени луѓе потоа упаднале во објектот, по што имало престрелка со безбедносните сили. Најмалку 46 луѓе се спасени, велат регионалните власти. „Исламската држава“ ја презеде одговорноста за нападот.
Организацијата со седиште во Лондон објави дека поради тоа, „времено ги запира“ сите програми во Авганистан и ги затвора канцелариите во оваа држава.
Слично
