Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВ НАПАД НА ХУТИТЕ: Со проектил погодиле танкер кој се запалил

НОВ НАПАД НА ХУТИТЕ: Со проектил погодиле танкер кој се запалил

Терористичката група Хути изведе уште еден напад. Хутите со проектил погодиле танкер кој се запалил, а на помош се повикани воени бродови. 

Нафтен танкер гори во Аденскиот Залив, откако Хутите соопштија дека го погодиле со проектил. Ова е најновиот напад на бунтовничката група поддржана од Иран врз бродови во Црвено Море.

Би-би-си јави дека нападот предизвикал пожар во една од цистерните на бродот.

„Противпожарна опрема на бродот е распоредена за сузбивање и контрола на пожарот предизвикан во една товарна цистерна на десната страна“, објави компанијата сопственик на танкерот. 

Танкерот е британски, но плови под знаме на Маршаловите Острови.  Воениот портпарол на Хутите, Јахја Сарее кажа дека групата користела „одреден број соодветни поморски проектили“ и дека вечерашниот напад бил директен.

Хутите од ноември лани извршија десетици напади на комерцијални бродови кои пловеа по Црвено Море. САД и Британија извршија воздушни напади врз цели на бунтовничката група, по што Хутите се заканија дека ќе ги засилат нападите.

Пекинг му постави ултиматум на Техеран и бара да ги зауздаат Хутите кои вршат напади на бродови во Црвеното Море. 

Се очекува дека поради нападите ќе поскапе кафето. Инаку, Хутите вршат напади поради интервенцијата на Израел во Газа, каде страдаат Палестинци. 

фото Твитер

Слично

Поврзани вести