Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нов конфликт меѓу Русија и Украина

Нов конфликт меѓу Русија и Украина

Властите во Русија го повикаа синоќа  воениот аташе на Украина и му доделија протестна нота по повод според нив опасното прелетување на украински авион над Црното Море, недалеку од анексираниот  полуостров Крим, пренесе Франс прес. 

Според руското Министерство за одбрана, украински Ан-26 прелетал вчера ниско над две платформи и создал закана за инсталациите и персоналот. Од Киев тврдат дека авионот правел тренинг лет и бил напаѓан во украинската економска зона во регионот на Одеса, од руска гасна платформа. Москва ги негира обвинувањата за напад.

Во Источна Украина, во меѓувреме, насилството ескалира - во судири меѓу проруски сепаратисти и силите на владата во Киев. Од неделата досега загинале најмалку 19 лица.

Слично

Поврзани вести