Нов извештај на ЕЦБ, нотиран напредок во интеграцијата на европскиот финансиски пазар
Има напредок во интеграцијата на финансиските пазари во Европа, но треба дополнителна работа за воспоставување европска банкарска унија, порачаа денеска од Европската централна банка (ЕЦБ).
„Остварен е напредок во интегрирање на финансиските пазари во втората половина на 2012 година, по лошиот период во првата половина на годината, предизикан од негативното расположение на пазарите, тешките фискални услови и слабоста на банките во некои земји од еврозоната“, посочија од ЕЦБ.
Откако во јуни минатата година европските лидери одлучија основаат единствен надзорен механизам, што претставува прв чекор кон банкарска унија, се случија многу промени , наведува банката во извештајот насловен „Финансиска интеграција на Европа“.
