Нов инцидент во Париз – напаѓач во продавница држи 6 заложници
Додека полициските сили ги вложуваат сите преговарачки напори да го ослободат заложникот кој го држат браќата Куаши, кои извршија терористички напад врз редакцијата на магазинот „Шарли Ебдо“, нова заложничка драма го потресе источен Париз каде вооружен напаѓач држи околу шест лица како заложници во една продавница, пренесува дописникот на МИА.
Според првите сведоштва, имало брза стрелба, по што полицијата веднаш дошла на местото на престрелката.
Првичните информации зборуваат дека станува збор за истото лице кое вчера смртоносно рани општински полициски припадник во Монтруж на југот од Париз.
Француската полиција веќе утврди дека овој 32-годишен маж е поврзан со браќата Куаши.
Слично
