НОВ ИНЦИДЕНТ: Службеник за имиграција застрелал маж во ногата во Минеаполис
Службеник за имиграција и царинска контрола застрелал маж во ногата во Минеаполис, американскиот град каде што минатата недела почина жена откако агент на ICE смртно ја застрелал.
Најновиот инцидент во Минеаполис се случи откако службеник за имиграција и царинска контрола застрелал маж во ногата. Министерството за внатрешна безбедност соопшти дека федералните агенти го бркаат мажот со автомобили бидејќи тој бил нелегално во САД и е по потекло од Венецуела.
Се вели дека бил фатен во неговиот стан со неговата сопруга, која моментално очекува дете, а нејзината состојба е непозната.
Граѓаните одлучија да создадат апликација што снима и наведува каде полицајците вршат рации во градот и каде ги бркаат луѓето што нелегално влегле во САД.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, се закани дека ќе го примени Законот за бунт доколку службениците на сојузната држава Минесота не ги спречат демонстрантите кои, според него, ги напаѓаат членовите на имиграциските служби.
foto printskrin
