Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нов хит во Лондон – Работниот ден го почнуваат со утрински забави

Нов хит во Лондон – Работниот ден го почнуваат со утрински забави
Добра забава на Островот не мора да подразбира целоноќно џускање со косумирање на дрога и алкохол, дотолку повеќе што, таму сега во тренд, особено меѓу вработените луѓе, се здравите утрински забави за расонување. Овие настани почнуваат околу 6:30 наутро, обично се одигруваат во стари индустриски објекти, а нивните посетители од рано наутро играат во ритмот на хаус музиката, пијат кафе и цедени или кашести сокови. Овој тренд го наметнаа Саманта Мојо и Нико Тоемес, кои го направија проектот Утринско блаженство/со Рејв низ денот. Идејата е, луѓето пред работа, да се ревитализираат на забави, со помош на игри, комуникација со други луѓе, но и масажа, уметнички работилници и јога. Првите реакции на луѓето на оваа идеја не беа позитивни, но интересот брзо порасна, па сега влезниците за секоја забава се распродаваат за час и секогаш се бара влезница повеќе. Забавите инаку траат до 10:30, меѓутоа, организаторите тврдат дека нешто пред 9 часот, поголемиот дел од посетителите ги напуштаат нивните простории, од каде директно заминуваат на работа. Овие забави стекнуваат се поголема популарност, па би требало наскоро да почнат да с еодржуваат и во Барселона и Париз.   А.А.
Слично

Поврзани вести