Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВ ГАФ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ БАЈДЕН: Јасно е дека Путин ја губи војната во Ирак (Видео)

НОВ ГАФ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ БАЈДЕН: Јасно е дека Путин ја губи војната во Ирак (Видео)

Иако Белата куќа останува внимателна во својот одговор на последиците од минатонеделните настани во Русија, кога членовите на групата Вагнер и нивниот лидер Евгениј Пригожин се побунија и се заканија дека ќе ја нападнат Моксва, пред да ја повикаат да се повлече, притиснат од медиумите, претседателот Бајден даде изјава, но повтоно со грешка.

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека „отстранетиот“ руски лидер Владимир Путин ја „губи“ војната во Ирак, но дека е рано да се каже дали е ослабен од краткотрајниот бунт на платеничката група Вагнер.

На прашањето на новинарите во Белата куќа дали Путин сега е послаб, Бајден одговори: „Тешко е да се каже, но јасно е дека ја губи војната во Ирак и дека „ја губи војната дома“.


Американскиот претседател во понеделникот пред новинарите изјави дека САД и НАТО не се вклучени во бунтот во Русија. Тој истакна дека разговарал со сојузниците минатиот викенд за да се осигура дека сите се усогласени во напорите да се осигура дека „не му даваат изговор на Путин да го обвини Западот“ или НАТО.

Фото: Принтскрин/Јутуб

Слично

Поврзани вести