Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нов фронт во војната Русија – „Мекдоналдс“

Нов фронт во војната Русија – „Мекдоналдс“

Кремљ ја продолжи пресметката со „Мекдоналдс мобилизацијата“ со повеќе стотици инспектори и нивниот упад во 200 ресторани на американскиот ланец ширум Русија.

Како што пишува порталот „Сити еј ем“ во прашање е продолжение на одмаздата поради санкциите воведени на Русија во екот на украинската криза, а инспекците се вршени по разни основи.

Најмногу се извршени поради наводните пријави за лошата хигиена и кршење на фито-санитарните прописи, но во некои ресторани за прв пат стигнала и финансиската инспекција која ги чешла книгите.

„Мекдоналдс“, како симбол на американскиот капитализам, има 440 ресторани во Русија, која според годишниот извештај на компанијата од 2013 година меѓу седум најголеми пазари надвор од САД и Канада.

Неколку ресторани веќе се затворани претходните месеци, а реагирале високи претставници, кои порачале дека „ не е во прашање забрана на работата, туку резултат на редовна контрола“.

„Не, воопшто нема говор за забрана на работата на „Мекдоналдс“ во Русија“, рекол тогаш потпретседателот на руската влада Аркадиј Дворковиќ.

Сепак, нема нови инспекции и фактот дека овој пат се на терен и финансиските инспектори повторно се поставува прашањето дали е во прашање политички чин.

Слично

Поврзани вести