Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нов фамилијарен бизнис – паѓаат во шахта за да земат отштета

Нов фамилијарен бизнис – паѓаат во шахта за да земат отштета
Само за да го дополнат куќниот буџет неколку Новосаѓани не се поштедија самите себе да се повредат , да паднат во шахта или да испровоцираат улично куче само за да наплатат оштета од градот. Во Новосадската населба Клиса , три членови од иста фамилија паднаа во шахта и за краток период  „заработија‘‘  300.000 динари. Поточно, во шахтата прво паднала нивната малолетна ќерка, а потоа во истата и нејзиниот малолетен брат. На крајот истата незгода и се случила и на нивната баба  со која што живеат на иста адреса.Сите тројца го тужеа градот и го добија судскиот спор како и  оштета од 300.000 динари. Нивните тужби се само три од вкупно 226, кои што моментално се водат против Јавното Комунално Претпријатие „Водовод и канализација‘‘ во Нови Сад пренесува „24 Часа‘‘
Слично

Поврзани вести