Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нов договор за спас на Кипар

Нов договор за спас на Кипар
Договор за воспоставување на Инвестициски фонд за солидарност, постигнаа политичките партии во Кипар  како дел од новиот план за спас на земјата.
Ова го соопшти кипарскиот претседател Никос Анастасиадис, но не даде никакви детали за тоа како фондот ќе биде конструиран. Кипарските лидери по средбата која траеше неколку часа се согласија да се откажат од оданочувањето на банкарските депозити. Предвидено е за него сега да расправаат и пратениците во Парламентот. Европската централна банка во меѓувреме им даде рок на властите од Кипар до понеделник да смислат нов план за излез од кризата.
Слично

Поврзани вести