Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВ БУНТ ПРОТИВ ТВИТЕР: не е дозволена регистрација на профили од Косово (ФОТО)

НОВ БУНТ ПРОТИВ ТВИТЕР: не е дозволена регистрација на профили од Косово (ФОТО)

Илон Маск со уште еден потег ги потресе не само социјалните мрежи, туку и целиот свет. Социјалната мрежа „Твитер“ деновиве „гори“ поради неможноста за нови корисници од територијата на Косово да ги заштитат своите сметки, бидејќи не можеле да внесат телефонски броеви со префиксот „+383“, кој го користи Приштина. 

Сепак, во поставките на профилот на оваа социјална мрежа, тие можат да го изберат Косово како земја на потекло. Исто така, веќе регистрираните корисници немаат никакви проблеми со нивните постоечки сметки.

Но, и вчера на сите кои се обиделе да се пријават со префиксот „+383“, „Твитер“ им одговорил дека мора да внесат „точен телефонски број“. Дали неможноста за внесување на овој број е грешка, привремена мерка или навистина „Твитер“ реши да го „брише“ т.н. Косово се уште е непознато. Сепак, Албанците не го кријат својот гнев, а да биде уште полошо, неуспешно се обидуваат да добијат одговор од поддршката за корисници.

Меѓу првите што го забележа ова, на 19 декември, беше корисник на Твитер чие име е Арменд Красниќи, кој напиша дека до сега без проблем можел да го користи својот телефонски број, но дека тоа веќе не е можно.

Српските твитерџии на гневот на корисниците на оваа социјална мрежа одговорија со хумористични пораки. Заедно со фотошопираните слики на Илон Маск со колиба, тие им порачуваат дека не случајно новиот газда на „Твитер“ е роден на Видовдан и дека треба да го внесат кодот на државата во која живеат - „+ 381“.

Но, не изостанаа реакциите на другите корисници на споменатата социјална мрежа. Така, еден од нив на хумористичен начин објави скриншотови од неодамнешните најави на Илон Маск во кои тој „нуди“ решение за т.н. Косово со коментар „Како почна“, со објавување на револтирани Албанци поради новонастанатата ситуација со коментар „Како продолжи“.


Слично

Поврзани вести