Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВ БРАН ЖЕСТОКИ ВОЗДУШНИ НАПАДИ НА КИЕВ! Русија го уништува градот, но Украина се уште се држи, вели Кличко!

НОВ БРАН ЖЕСТОКИ ВОЗДУШНИ НАПАДИ НА КИЕВ! Русија го уништува градот, но Украина се уште се држи, вели Кличко!

Во Киев, градското метро повторно е во функција, а жителите повторно се приклучени на водоснабдувањето.

Украинските власти соопштија дека Русија истрелала повеќе од 70 проектили во петокот во еден од нејзините најголеми напади од инвазијата на Москва на 24 февруари, што предизвика итни прекини на електричната енергија низ целата земја.

Градоначалникот на главниот град на Украина рано утринава изјави дека градското метро е повторно во функција и сите жители се повторно приклучени на водоснабдувањето, еден ден по последниот бран руски воздушни напади врз клучната инфраструктура.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, исто така рече дека греењето е обновено во половина од градот и дека електричната енергија е вратена во две третини.

„Но, распоредите за итно исклучување се спроведуваат бидејќи сè уште нема струја“, напиша тој на Телеграм. Кличко претходно овој месец предупреди на сценарио за „апокалипса“ за главниот град на Украина доколку продолжат руските воздушни напади врз инфраструктурата, но исто така рече дека нема сепак потребата луѓето да се евакуираат.

„Ние се бориме и правиме се што можеме за да се осигураме дека тоа нема да се случи“, рече тој.

Фото: Принскрин/Јутуб

Слично

Поврзани вести