Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нострадамус го предвидел она што сега се случува во Сирија?

Нострадамус го предвидел она што сега се случува во Сирија?

Еден од најпознатите пророци, Французинот Нострадамус, предвидел дека Третата светска војна ќе започне на Блискиот исток.

По актуелните случувања во Сирија, многумина се присетија на зборовите на пророкот кој наводно предвидел дека најголемиот судир во историјата на човештвото ќе започна на Блискиот исток.

„Војната ќе започне меѓу две големи светски сили и ќе трае 27 години. Моментот на големо насилство ќе се совпадне со појава на комета на небото. Тероризмот и природните катастрофи ќе ја уништат нашата планета додека гигантски планети не се доближат до Земјата“- рекол Нострадамус.

Ова предвидување се толкува како визија за избувнување на војна меѓу Русија и САД, вклучително и нивните сојузници. Некои толкувања велат дека војната ќе избие на подрачјето на Франција по терористички напади,  инвазијата на Арапи и муслимани во Европа.

За францускиот пророк се смета дека предвидел голем број светски случувања, како големиот пожар во Лондон, Наполеон и Адолф Хитлер, па се до нападот на 11 септември на Светскиот трговски центар.

Слично

Поврзани вести