Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОСЕТЕ ДЕБЕЛИ ЧОРАПИ, ТУШИРАЈТЕ СЕ КРАТКО - министрите со совети до граѓаните како да штедат енергија

НОСЕТЕ ДЕБЕЛИ ЧОРАПИ, ТУШИРАЈТЕ СЕ КРАТКО - министрите со совети до граѓаните како да штедат енергија

Поради намалените испораките на руски гас официјални лица од европските развиени земји даваат совети до своите сограѓани како да заштедат енергија и пари и да помогнат во кампањата за намалување на зависноста од руската енергија.

Во интервју за германски Шпигел, германскиот вицеканцелар и министер за економија и заштита на животната средина Роберт Хабек им порача на граѓаните дека „носењето дебели чорапи и топли џемпери во зима е секогаш добра идеја“.

- Со намалувањето на температурата на греењето за само еден степен во текот на зимата се заштедуваат уште 6 отсто. Со 41 милион домаќинства, овој мал чекор е исклучително значаен. Видовме колку луѓето можат да покажат солидарност. Ми кажаа дека на една улица станарите ја запалиле секоја друга улична светилка. Таму живеат постари луѓе кои имаат поголема потреба од безбедност, но сепак рекоа: не ни треба - рече Хабек.

Тој ги повика граѓаните да придонесат во кампањата за заштеда на енергија со намалување на времето поминато под туш кабина, што, како што наведе, по совет на неговото Министерство и самиот го направил.

- Предлагаме начини да заштедите енергија под туширање, но не мора да бидете совршени. Понекогаш на децата им треба убав долг туш или базен полн со топла вода. Мојата порака е: оставете ги вашите деца да се забавуваат. Не мора постојано да бидеме казнети. Но, не можеме ни да се однесуваме како сè да е во ред - посочил министерот, пренесува „Данас.рс“.

Во друго интервју во април, лидерот на германските Зелени, исто така, ги советуваше граѓаните што повеќе да избегнуваат возење автомобили и секогаш кога е можно да користат воз или велосипед како превозно средство, бидејќи покрај „полесно бегство од руските енергетски залихи, помага и за заштита на климата“.

Леонора Гевеслер, австриската министерка за енергетика, животна средина и мобилност, во рамки на кампањата за заштеда на енергија им се обрати на граѓаните и апелираше да се намали брзината со која возат по автопат за да се намали потрошувачката на гориво, како и да се стават капаци на тенџерињата за време на готвењето, а наесен да ја намалат температурата на греењето за степен, два.

Британскиот премиер Борис Џонсон навести дека не е исклучена можноста за намалување на ДДВ на сметките за енергија. Џонсон во саботата за Би-Би-Си изјави дека владата завршува „огромен обем“ на работа за поддршка на луѓето со „фискалните капацитети што ги имаме“. На прашањето зошто сè уште не го намалил ДДВ-то на сметките за енергија, британскиот премиер рече: „Не ја исклучувам можноста тоа да го направиме“.

Министерот за енергетика на Луксембург Клод Турмес во серија твитови рече дека неговата земја моментално нема проблеми со снабдувањето со гас, но дека се водат разговори со добавувачите за да се избегнат вакви потенцијални проблеми во иднина. Сепак, тој нагласи дека „иако во моментов снабдувањето со гас е загарантирано, веќе е важно заедно да заштедиме енергија“.

Слично

Поврзани вести