НОСЕЊЕТО МАСКА ГО НАМАЛУВА РИЗИКОТ ОД КОВИД ЗА 53 ОТСТО - еве што треба да знаеме кога веќе се покажа дека вакцините не обезбедуваат целосна заштита
Носењето маска е најефективната мерка за заштита на јавното здравје од коронавирусот, намалувајќи ја заболеноста од овој вирус за 53 отсто. Ова го покажува најновата меѓународна студија за ефикасноста на овој производ.
Истражувачи од различни земји, вклучително и Обединетото Кралство, Австралија и Кина, спроведоа шест студии за да испитаат како носењето маска, социјалното растојание и другите мерки за јавно здравје влијаат на глобалната инциденца на ковид 19.
„Севкупната збирна анализа покажува за 53 отсто намалување на инциденцата на ковид 19, иако разликата помеѓу резултатите од поединечните студии е значајна“, се вели во извештајот, објавен денеска во Британскиот медицински журнал.
Студиите опфатиле повеќе од 400.000 луѓе, од кои повеќе од 2.500 имале коронавирус во времето на студијата.
И покрај нивната безбедност и ефикасност, повеќето вакцини против коронавирус не обезбедуваат 100 отсто заштита, велат истражувачите, така што покрај програмите за вакцинација, неопходно е да се продолжи со носење маски, да се одржува социјална дистанца и да се мијат рацете.
Како што забележува Гардијан, ова е прва меѓународна студија од ваков вид.
Извор: Бгнес
