Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОСЕЛЕ МАСКИ И ПЕЛЕНИ – МАЈКА И ТАТКО ГИ ЧУВАЛЕ ЗАТВОРЕНИ ТРИТЕ ДЕЦА ОД ПОЧЕТОКОТ НА ПАНДЕМИЈАТА НА КОВИД: Што откри полицијата во Шпанија?

НОСЕЛЕ МАСКИ И ПЕЛЕНИ – МАЈКА И ТАТКО ГИ ЧУВАЛЕ ЗАТВОРЕНИ ТРИТЕ ДЕЦА ОД ПОЧЕТОКОТ НА ПАНДЕМИЈАТА НА КОВИД: Што откри полицијата во Шпанија?

Шпанската полиција пред два дена ослободи три деца што еден германски пар ги чувал во „куќа на ужасите“ во градот Овиедо на северот од Шпанија уште од пандемијата SARS-CoV-2, пишува Дојче веле.

Осумгодишните браќа близнаци и 10-годишното момче не ја напуштиле куќата од декември 2021 година. „Родителите се уапсени, а децата се сместени во дом за деца“, изјави портпаролот на шпанската полиција.

Шпанските медиуми објавија дека куќата каде што биле сместени децата била „полна со ѓубре“. На децата не им било дозволено да одат во градината до куќата и спиеле во оградени кревети. Тие немаа никаков контакт со надворешниот свет.

Соседот на германскиот пар забележал дека децата не одат на училиште и ја контактирал полицијата, но ништо не било преземено во врска со тоа.

Децата морале да носат пелени и маски, објавија локалните медиуми. Во куќата е пронајдена голема количина дрога. „Штом ги изведовме од куќата, децата почнаа длабоко да дишат. Како никогаш да не вдишале свеж воздух“, рече еден шпански службеник.

Полицијата влезе во спорната куќа во понеделник, додека во Шпанија немаше електрична енергија. Германскиот пар ги принудил полицајците да носат маски. Полицијата пронашла доволно докази за криминална активност во куќата.

Германски пар – 53-годишен маж и 48-годишна жена кои имаат и германско и американско државјанство – изнајмиле куќа на периферијата на Овиедо во октомври 2021 година, пишува ДВ.

фото: Шпанска полоција

Слично

Поврзани вести