Економија, финансии, бизнис

Контакт

Норвежаните загрижени од можен раст на невработеноста на 3,4%

Норвежаните загрижени од можен раст на невработеноста на 3,4%

Рзнишана е довербата во норвешката Влада откако државата ја намали прогнозата за раст на економијата за 2013-та година на 2,6% наместо претходно прогнозираните 2,9 %отсто. Овие прогнози за послабиот раст на норвешката економија се закана дека за ослабнување на позициите на актуелната Влада пред септемвриските избори.

„Норвешка е во добра состојба, но мора да бидеме подготвени во случај кризата од Европа да не погоди во подоцнежна фаза“, истакна  министерот за финансии Сигбјорн Јонсен по повод ревидираниот годишен буџет.

Во буџетот е наведено и зголемување на невработеноста на 3,4 од 3,2 отсто. Ова сепак останува најниска стапка на невработени во светски рамки.

Слично

Поврзани вести