Економија, финансии, бизнис

Контакт

Норвешките пари – најдобри на светот!

Норвешките пари – најдобри на светот!
Норвешка по многу нешта е напредна и поинаква земја, а наскоро од своите европски комшии ќе се разликува и по единствениот дизајн на банкнотите за националната валута - норвешката круна. Централната норвешка банка на почетокот на годината распиша конкурс за дизајн на новите банкноти, а темата беше „море“. Очекувано, Скандинавците ја потврдија својата репутација на фантастични дизајнери. Во последниот круг влегле осум тима, а жирито одлучило да ги комбинира предлозите на два кандидати, односно да искористи еден предлог за предната страна, а друг многу похрабар за задната страна на банкнотите. На лицето на норвешките круни ќе биде предлогот на „Метрик систем“ и дизајнерот Терје Тенесен, кој е опишан како „отворен, светол и типично нордиски“, додека на опачината ќе се најде модерен пикселизиран дизајн на тимот „Снохета дизајн“. „Кога контрастите ќе се вклопат, кога мекото ќе го сретне острото, а дигиталното - аналогното, тогаш настанува динамика. Нашиот дизајн пред се претставува пиксели, кои се визуелен јазик на нашето време“, објаснува тој тим. Инаку, интересно е дека жирито за победник прогласи сосема трет дизајнерски тим, но сепак одлучи на банкнотите кои ќе се употребуваат од 2017 година да не го искористи победничкиот дизајн. Меѓу кандидатите се истакна и дизајн на банкнотите со детски цртежи. На прифатениот дизајн ќе продолжат да работата експерти за банкнотите да се обезбедат од фалсификување и да се подготват за употреба во банкомати.
Слично

Поврзани вести