НОРВЕШКИ ВИРУСОЛОГ КАЖУВА НЕШТО ШТО НЕ СЕ ПОБИВА ЛЕСНО: Коронавирусот по грешка излегол од лабораторија, уште во август или септември лани
Потеклото на коронавирусот што предизвикува инфекција со КОВИД-19 е мистерија откако пандемијата го погоди светот. Биргер Соренсен, норвешки вирусолог, сега тврди дека коронавирусот е направен од човекот и излегол „случајно“ од лабораторија. Зборувајќи за еден шведски медиум, Фриа Тидер, Биргер Соренсен исто така рече дека структурата на коронавирусот и неговото брзо ширење потврдуваат дека тој не потекнува од животни.
„Цврсто верувам дека е раширен случајно. Кога американските власти спроведоа инспекција во Вухан во 2018 година, тие нивната лабораторија ја опишаа како ризична“, рече Соренсен.
Според него, постојат многу лаборатории кои ослободија одредени вируси по грешка. Нагласува дека оригиналниот вирус Сарс беше ослободен од Сингапур.
Соренсен, исто така вели дека коронавирусот протекол во август или септември минатата година.
„Постојат многу примери на вируси кои протекоа од лабораториите од класа 3 и класа 4. Мислам дека коронавирусот протече веќе во втората половина на август, почетокот на септември 2019 година. Има многу работи што го сугерираат тоа", рече норвешкиот вируолог.
Тој објаснува дека научната заедница не сака луѓето да веруваат дека вирусот потекнува од лабораторија, бидејќи тоа ќе доведе до сомневање во врска со целата истражувачка работа околу вирусите.
„Научната заедница не сака да дискутира за прашања што можат да го попречат истражувањето на вирусот во иднина“, изјави Соренсен и додаде дека никој досега не можел да докаже дека коронавирусот потекнува од природата.
„Нема никој што успеа да докаже дека вирусот потекнува од природата. Мора да докажете дека потекнува од природата, во спротивно, доаѓа од лабораторија“, нагласи тој.
