Економија, финансии, бизнис

Контакт

Норвешката економија се соочува со тешкотии

Норвешката економија се соочува со тешкотии

Најголемиот производител на нафта и гас во Западна Европа, Норвешка која исто така е и дом на инвестиционен фонд со средства од 760 милијарди долари, се бори да ја стимулира побарувачката, токму кога остатокот од Европа успеа да излезе од долгата половина децениска економска болка.

Норвешката економија силната 480 милијарди порасна само за 0,2% во вториот квартал, што е помалку од една третина од темпото.

“Растот во 2013 може да биде помал од трендот” рече министерот за финансии Сигборн Јонсен во своето интервју во Осло. “

Знаците за забавување на економскиот раст се пројавија кога премиерот Јенс Столтенберг заостана во анкетите против опозицијата, која вети намалување на даноците. И двете страни ветуваа, повикувајќи се на најголемиот во свет државен инвестициски фонд.

Дебатата е околу тоа како најдобро да се потроши нафтеното богатство на земјата и дали да се задржи фискалното правило, кое ги ограничува трошоците на владата до 4 проценти од нафтениот фонд.

“За да се подобри економскиот пораст на Норвешка е потребно фискалните трошоци да бидат насочени кон инвестиции, кои го помагаат растот. Ќе дадеме приоритет на образованието, истражувањето, инфраструктурата и даночните олеснувања”, изјави вчера Јан Санер, портпаролот на конзервативната партија.

Растот ќе се забави до 2 проценти оваа година од 3,4 проценти во 2012, процениле од DNB. Стапката на раст нема да се забрза пред 2016, кога ќе достигне 2,1 отсто, сметаат од банката.

Слично

Поврзани вести