Економија, финансии, бизнис

Контакт

Норвешка: Затворен дел од воздушниот простор поради тероризам

Норвешка: Затворен дел од воздушниот простор поради тероризам

Поради можна закана од тероризам, Норвешка денеска делумно го затворила воздушниот простор над Берген и одлучила да го контролира идентитетот на сите патници кои влегуваат во земјата, вклучувајќи ги и граѓаните на ЕУ, објавила тамошната полиција.

Норвешка од четвртокот е во режим на мирување откако службата за внатрешна безбедност примила „информации според кои група поврзана со исламските екстремисти во Сирија би можела да изврши терористички напад во Норвешка“.

Како што пренесуваат агенциите, од безбедносни причини полицијата побарала од аеродромскиот оператор „Авионор“ да ги забрани сите летови на Берген, рекол Густав Ландро, шефот на регионалната полиција, пренесуваат странски медиуми.

Забраната не се однесува на малите приватни авиони и не се однесува на авионите на норвешката служба, како и оние кои и припаѓаат на војската и полицијата.

Слично

Поврзани вести