Норвешка со задолжителен воен рок за жените!
Норвешка ќе воведе задолжителна воена служба и за жените. Ова стана јасно откако парламентарно застапените партии, со исклучок на демохристијаните, се согласија да го прифатат предлогот на Владата за оваа промена.
Со усвојувањето на амандманот во законот, Норвешка станува првата држава од НАТО, во која военаta служба ќе биде задолжителна и за двата пола. Во моментов жените служат во армијата, но по желба. Според податоците на Министерството за одбрана, понежниот пол сочинува 1/10 од вооружените сили на земјата. Со законските измени не се очекува жените да бидат принудувани да служат против своја волја, но тоа би требало да помогне за подобрување на рамнотежата меѓу половите.
Пратениците сметаат дека правата и обврските треба да се исти за сите и дека вооружените сили треба да се бираа зависно од најдобрите човечки ресурси, без разлика на полот.
Норвешка е меѓу водечките земји во борбата за рамноправност меѓу половите. Осло воведе мерки, како услов барем 40% од одборите на сите јавни акционерски друштва да се жени. Во средата (12-ти јуни) Норвешка одбележа еден век, откако жените имаат право да гласаат. Тие сочинуваат половина од сегашната влада.
Одредени промени овој закон може да претрпи пред неговото гласање, но сепак одлуката треба да стапи во сила од 2015 година, а плановите на Министерството за одбрана се до 2020 година, 20% од војската да бидат жени.
Слично
